Прифаќањето на различностите и ослободеност од предрасуди се показател на зрело, демократско и отворено општество кое е подготвено да направи простор за секој од неговите членови“, упати порака претседателот на државата Стево Пендаровски пред одржувањето на Парадата на гордоста.
„Имаме заедничка одговорност да овозможиме уживање на основните права и себереализација на секој, без страв од отфрленост, особено кога станува збор за ранливите заедници“, се вели во пораката на Претседателот.
Претседателот Стево Пендаровски посети волонтери и организатори на Парадата на гордоста Скопје и со нив поразговара за начинот на организирањето на парадата, од логистика и прием на гости, до дадената институционална поддршка, безбедносните и промотивните прашања, соопштуваат од Кабинетот на Претседателот.
Македонија тапка во место во прифаќањето на ЛГБТИ луѓето
„Очекувам третата парада на гордоста во Скопје да се одржи во мирна атмосфера, без инциденти, во атмосфера на толеранција и прифаќање. Да покажеме солидарност со нашите сограѓани затоа што достоинството, еднаквоста и правдата се за сите граѓани“, се наведува во пораката од Пендаровски.
Денеска се одржува третата по ред Парада на гордоста во Скопје.