Украинските сили ќе се повлечат од Северодоњецк соочени со континуираниот напад на руските трупи, изјави денеска регионален официјален претставник.
„Останувањето на позиции во текот на многу месеци само заради останување таму нема смисла“, рече гувернерот Серхи Хејдеј. Русија полека напредуваше во Северодоњецк во текот на изминатите неколку недели, поддржана од тежок артилериски оган што го претвори во урнатини градот кој порано имаше 100.000 жители пред војната. Хејдеј, исто така, напиша на Телеграм дека Русија ја презела контролата врз селото Миколаивка, лоцирано во близина на клучниот автопат за Лисичанск - последниот град во Луганск целосно контролиран од Украина. Но, во Лисичанск, украинските трупи успеаја да го одбијат рускиот напад на јужната периферија на градот.
Дали Украина ја губи војната? Зависи како се гледа на тоа
Вчера Киев го објави пристигнувањето на првите американски системи за оружје со долг дострел. Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека артилериските ракетни системи со висока мобилност (HIMARS) од Соединетите држави сега се во Украина. Во меѓувреме, британското Министерство за одбрана во својот денешен билтен бјави дека рускиот пилот, заробен претходно овој месец, откако неговиот авион бил соборен, признал дека е пензиониран мајор во воздухопловството кој сега работи како платеник за групата Вагнер приватна руска воена компанија со врски со Кремљ.