Зеленски: Кандидатурата на Украина е почетна точка на новата историја на Европа

украинскиот претседател Володимир Зеленски 23. 06. 2022.

Давањето на Украина кандидатски статус за членство во Европската унија е „појдовна точка на новата историја на Европа“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по самитот на ЕУ во Брисел. „Денеска ја донесовте една од најважните одлуки за Украина од нејзината независност пред триесет години. Ова е најголемиот чекор кон политичкото зајакнување на Европа“, рече Зеленски во говорот на видео конференцијата во Киев.

Украина и Молдавија добија кандидатски статус за ЕУ

На самитот на шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ во Брисел вчера беше донесена одлука да им се даде кандидатски статус на Украина и на Молдавија со што, како што оцени претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, е почеток на долг и комплексен процес на членство.

Ковачевски му кажа „не“ на францускиот предлог

Дводневниот самит на Европската унија завршува денеска со расправа како да се задржи притисокот врз Русија со понатамошни санкции, вклучително и евентуален потег златото да биде цел на идните мерки. Конечниот нацрт, исто така, го повторува повикот на блокот за истраги за можните воени злосторства извршени во Украина и вели дека блокот останува „силно посветен“ на обезбедување натамошна воена поддршка за Украина.