Генчовска без став за францускиот предлог пред бугарската Комисија за надворешна политика

Теодора Генчовска, шефицата на бугарската дипломатија

Шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска рече дека не може да излезе со став за францускиот предлог, на денешната седницата на Комисијата за надворешна политика на Парламентот на Бугарија, каде се разгледувше овој европски предлог за деблокада на евроинтеграциите за Македонија.

„Имаме многу малку информации за да донесеме одлука и поради тоа не можам да излезам со став, туку само со експертски предлог“, рече Генчовска,

На состанокот Комисијата, што започна попладнево, Генчовска презентираше извештај од 15 страници за напредокот на преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

„ Владата на Северна Македонија има интерес да започне преговори со ЕУ. Бугарија е заинтересирана за влез на Северна Македонија во ЕУ. Има четири теми за кои има напредок во билатералните односи од мај“, рече Генчовска.

Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, на прес-конференција во Брисел, по самитот ЕУ- Западен Балкан пак истакна дека францускиот предлог во оваа форма е неприфатлив за Македонија.

Инаку, пред да биде усвоен, францускиот предлог кој треба да ги одблокира евроинтеграциите за Македонија и да го крене бугарското вето, мора да биде прифатен од сите земји членки на ЕУ, вклучително и од Македонија.