Речиси две третини од Европејците сметаат дека членството во Европската унија е „добра работа“, според истражувањето на Европскиот парламентот, што го означува највисокиот резултат во последните 15 години. Повеќето земји покажаа значително попозитивни ставови кон членството во ЕУ во споредба со истражувањето спроведено на крајот на минатата година, се вели во соопштението на Европскиот парламент, особено во балтичките земји Литванија и Естонија. „Со враќањето на војната на нашиот континент, Европејците се чувствуваат повеќе уверени што се дел од Европската унија“, додаде претседателката на парламентот Роберта Мецола.
Што е следно откако Русија го намали гасот за Европа?
Истражувањето покажа дека само еден од 10 испитаници позитивно ја гледа Русија во споредба со секој трет во 2018 година. Ставот кон Кина, исто така, се влоши, иако Европејците објавија попозитивна слика за ОК и САД.
Скоро 60 насто сметаат дека одбраната на „заедничките европски вредности“ е приоритет, дури и ако тоа влијае врз цените и трошоците за живот, кои дополнително се зголемија по руската инвазија на Украина. Друго истражување поддржано од ЕУ, објавено минатата недела, покажа 80 процентна поддршка за економските санкции врз Русија и заедничка безбедносна и одбранбена политика.
РСЕ со увид во декларацијата на ЕУ-Кандидатски статус за Украина и Молдавија
Европските министри и дипломати очекуваат Украина денеска да стане официјален кандидат за членство во ЕУ во четврток - иако на Киев веројатно ќе му требаат години за да стане членка. Анкетата на Европскиот парламент опфати речиси 27.000 луѓе во 27-те земји-членки меѓу април и мај.