Сончево и топло со умерена локална облачност и со засилен северозападен ветер, особено во западните делови. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Дневната температура ќе биде од 27 до 38 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 34 степени.