Шолц смета дека ЕУ мора да даде зелено светло за Македонија и Албанија

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски и германскиот канцелар Олаф Шолц при неговата посета на Скопје на 11 јуни, 2022

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пред парламентот изјави дека ЕУ мора да даде зелено светло за Северна Македонија и Албанија, а утрешниот самите во Брисел „нема да биде едноставен.

Како што пренесе Дојче Веле на македонски јазик, Шолц бил изненаден што што самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел за малку ќе бил откажан поради одбивањето на лидерите на Македонија, Албанија и Србија заминат за Брисел.

„Кога ќе разбудите очекувања, кога ќе им кажете дека патот кон ЕУ се исплаќа, кога ќе се преземат напори, и ќе се ризикуваат политички конфликти во сопствената земја, една земја- Северна Македонија дури го смени и името за да го реши спорот со Грција, и сето тоа ништо не помага и ништо не се придвижува, тогаш е сосема разбирливa вознемиреноста која ја чувствуваат политичките раководства и граѓаните и граѓанките на овие земји“, изјави Шолц кој го поздрави францускиот предлог и ја повика Бугарија да излезе од минатото и да се насочи кон иднината.

Т.н. француски предлог беше понуден како решение за кревање на бугарското вето и деблокирање на евроинтегративните процеси за Македонија и Албанија.

Тој деновиве беше доставен со сите земји членки на ЕУ, вклучително и Бугарија која веќе две години има ставено вето за Македонија, поради несогласувања поради македонскиот јазик и историјата. За да биде усвоен, треба да биде прифатен од сите 27 земји членки на ЕУ, вклучително и од Македонија.