Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји му се заблагодари на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов која соопшти дека неговата партија ќе го поддржи францускиот предлог за одблокирање на евроинтерациите на Северна Македонија.
„Му благодариме на лидерот на опозициската ГЕРБ, Бојко Борисов, за историската одлука што ја донесе за Европа и Македонија- усвојувањето на преговорите врз основа на францускиот предлог, кој овозможува продолжување и отворање на преговорите со Македонија. Очекуваме владата да го направи она што е неопходно да помине низ парламентот денеска за да може Европа да оди напред“ напиша Вархеји на Твитер.
Предлогот предвидува условите на Бугарија да станат дел од обврските на Северна Македонија на патот кон ЕУ. Според Борисов, мнозинството пратеници во Националното собрание би го поддржале францускиот предлог. Комисијата за надворешна политика на бугарскиот Парламент попладне треба да одржи седница на која ќе биде разгледан францускиот предлог.