Руските сили продолжија да спроведуваат напади врз Донбас додека се обидувааат целосно да го совладаат украинскиот отпор во градовите Лисичанск и Северодонецк во регионот на Луганск, додека бројката на жртви постојано се зголемува на двете страни.
Шефот на воената администрација во регионот Луганск, Серхи Хејдеј рече дека украинските сили се соочуваат со немилосрдни артилериски напади во Лисичанск.
Британското Министерство за одбрана објави во својот дневен билтен за разузнавање дека исходот од војната најверојатно ќе зависи се повеќе од способноста на завојуваните страни да генерираат и распоредат резервни единици на фронтот.
Британското разузнавање соопшти дека врз основа на бројките објавени од сепаратистичките власти повеќе од 2.100 војници се убиени и речиси 8.900 биле ранети. Во извештајот се вели дека сепаратистите се чини дека се опремени со застарено руско оружје и опрема.
Украина не објавува официјални податоци за жртвите, кои ги чува во тајност, но различни официјални лица, вклучително и претседателот Володимир Зеленски, сугерираат дека секој ден убиени се околу 100 украински војници.