САД ја потврдија поддршката за Литванија

Портпаролот на Стејт департментот на САД, Нед Прајс

Соединетите држави потврдија дека ќе ја поддржат Литванија во случајот со ограничувањето на транзитот на одредени видови стоки до руската енклава Калининград. Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс изјави дека Вашингтон цврсто ќе се придржува до членот пет од Повелбата на НАТО, според кој „нападот врз една земја членка е напад врз сите“. „Ги поддржуваме нашите сојузници во НАТО и ја поддржуваме Литванија. Ја зајакнавме нашата посветеност на Алијансата, го зајакнавме источното крило на НАТО, особено оние земји кои се во првите редови на заканата од Русија“, рече Прајс.

Русија ќе одговори на забраната на Литванија за транзит на руска стока до Калининград

Литванија забрани транзит на руска стока во Калининград, Москва го повика литванскиот амбасадор на разговор

Вчера Русија ѝ се закани на Литванија со „сериозни“ последици поради ограничувањата на транзитот на стока до Калининград.