Францускиот претседател Емануел Макрон, чија центристичка коалиција не освои апсолутно мнозинство на неодамнешните парламентарни избори ги продолжува средбите со идните политички сили во Елисејската палата. Според конечните резултати од изборите, центристите на Макрон освоиле најмногу места, 245 од 577, но за апсолутно мнозинство потребни се најмалку 289 места. На второ место е левичарската коалиција, Новиот народен еколошки и социјален сојуз (Nupes) со 131 место, десното Национално собрание на лидерката Марин Ле Пен освои 89 места, додека десничарските републиканци ќе имаат 61 место.
Макрон го загуби мнозинството во парламентот
Целта на разговорите, почнати вчера, според извори од Елисејската палата, е дијалог за неопходните промени за земјата. „Смислата на средбите со политичките сили е дијалог и размена за повисокиот интерес на нацијата и изнаоѓање решение за францускиот народ“, додаваат извори, блиски на претседателот на Франција. Француските медиуми оценија дека Макрон, претставен како голем губитник на парламентарните избори, треба брзо да реагира додека не биде зафатен во виорот на меѓународни обврски како што се претстојните важни самити на Европската унија и НАТО.