Светиот синод на Бугарската православна црква денеска донесе одлука во врска со канонскиот статус и укинувањето на расколот и за влегување во кананоска и евхаристиска заедница со Православната црква во Северна Македонија, соопшти Бугарската патријаршија.
„Денеска на својата целосна седница Светиот синод ги разгледа писмата од вселенскиот патријарх Вартоломеј и српскиот патријарх Порфириј во врска со канонскиот статус на Православната црква на Северна Македонија и по гласањето одлучи: Бугарска православна црква – Бугарска патријаршија Бог и духовна радост добредојдени одлуките за укинување на расколот и влегување во канонско и евхаристиско единство со Православната црква на Северна Македонија“, се наведува во одлуката Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија.
Г. Г. Стефан: Врачувањето на томосот е правда за Охрид
Што се однесува до името на православната црква на Северна Македонија, бугарската патријаршија вели дека тоа прашање дополнително треба да биде разгледано.