Италијанскиот премиер Марио Драги, денеска се соочува со важно гласање во парламентот за Украина, при што некои пратеници се обидуваат да ја ограничат Италија од испраќање дополнително оружје за Киев. Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо во неделата ја обвини сопствената партија Движење 5 ѕвезди дека ги поткопува владините напори да ја поддржи Украина и ја ослабува позицијата на Рим во Европската унија. Неговиот испад може да сигнализира неизбежен раскол во групата што некогаш ја водеше.
Макрон, Шолц и Драги се вратија во Полска по посетата на Киев
Италија, како и многу земји од ЕУ, испраќа оружје во Украина за да ѝ помогне во борбата против рускиот напад. 5-Ѕвезди е најголемата политичка сила во парламентот откако освои 33% од гласовите на националните избори во 2018 година. Ако Ди Мајо ја напушти партијата, група поддржувачи може да го следат и да создадат отцепена партија во парламентот, што ќе донесе нови турбуленции во администрацијата на Драги.