Украина ја забрани партијата на украинскиот проруски политичар Медведчук

УКРАИНА – Виктор Медведчук, проруски политичар на Украина, кум на рускиот претседател Владимир Путин.

Судот во Киев ја забрани партијата „Опозициска платформа за живот“ (ОПЗЖ), која се залагаше за блиски односи со Русија, а предводена од украинскиот проруски политичар Виктор Медведчук, кој што моментално е во затвор.

Министерството за правда излезе со соопштение по донесувањето на одлуката на Управниот Апелационен суд.

Медведчук беше уапсен од украинските власти, откако ги прекрши ограничувањата за домашен притвор и се обиде да побегне во Русија.

Лидерот на ОПЗЖ, кој се залагаше за блиски врски со Русија, беше уапсен минатата година под обвинение за предавство и финансирање тероризам.

Шеесет и седум годишниот Медведчук ги негира обвиненијата и ги нарекува политички мотивирани.

Заробен украинскиот политичар Медведчук, близок пријател на Путин

Медведчук, кој заедно одел на одмор со Путин, па дури и го направил кум на своето дете, е еден од најбогатите во Украина . Неговото богатство е проценето на околу 620 милиони долари според Форбс.

Украина го санкционираше Медведчук во февруари 2021 година, замрзнувајќи му ги средствата и ги исклучи трите телевизиски станици за кои рече дека му припаѓаат за промовирање руска пропаганда.