Судската полиција бара повисоки плати за 15 отсто

Протест на грански независен синдикат на полицијата

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска имаше средба со претставниците на Независниот синдикат на судската полиција на која беше информиран за нивните барања за зголемување на платата за 15 отсто.

Договорено е најдоцна до крајот на неделата да се воспостави комуникација со Министерството за финансии околу обезбедувањето на финансиски средства, соопшти Министерството за правда.

ВМРО-ДПМНЕ протестира пред Владата под мотото „Премногу е“

Министерството, како што се додава, ќе стори се што е во негова надлежност за подобрување на материјалната состојба на вработените во судската полиција.