Најмалку две лица загинаа, а 28 други се ранети по експлозија што одекна на пазар во провинцијата Нангархар во источен Авганистан.
Според официјалните лица меѓу повредените во експлозијата има пет Талибанци.
Тие не ја наведоа причината за експлозијата, но локалните медиуми објавија дека станува збор за бомба во автомобил, а целта бил локален талибански функционер.
Ниту една група или поединец досега не ја презеде одговорноста за експлозијата.
Мисијата на ОН во Авганистан веднаш го осуди нападот, потенцирајќи дека меѓу луѓето има и деца.
Експлозии и пукотници во храмот на Сиките во Кабул
„УНАМА го осудува нападот утринава во преполната чаршија во провинцијата Нангар, во кој загинаа и беа ранети голем број цивили, меѓу кои и деца“, објави Мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан (УНАМА) на Твитер.
Од таму побараа веднаш да запрат нападите насочени кон цивили.
Во последните денови регистрирани се зголемен број на напади во земјата.
Во текот на викендот членовите на милитантната група ИСИС извршија напад во храмот на Сиките во Кабул, при што загинаа две лица, а седум беа ранети.
Истовремено во друг дел на Кабул експлодираше бомба во автомобил, при што загинаа две лица.