Увозот на руска нафта во Кина во месец мај е двојно зголемен во споредба со истиот месец лани.
Податоците на кинеската Царинска управа покажаа дека втората по големина економија во светот увезува повеќе од 8,4 милиони тони руска нафта, што е за 55 отсто повеќе во споредба со лани.
Со тоа Русија стана главен извор на нафта на Кина минатиот месец, надминувајќи ја и Саудиска Арабија.
Телефонски разговор на Џинпинг со Путин - Кина ја повтори поддршката за Русија
Претседателот на Кина, Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа пред Зимските олимписки игри 2022 година во Пекинг, а Кина досега одби јавно да ја осуди руската инвазија врз Украина.
Многу западни увозници воведоа санкции против Москва во делот на користење на руската нафта, откако Мосва ја започна инвазијата врз Украина на 24 февруари.