Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија на компанијата БЕГ, информираше денеска претесдателот на РКЕ, Марко Бислимовски.
Бислимовски тврди дека нема да има никакво прекин со топлинска енергија во градот Скопје бидејќи оваа копманија ќе ја врши дејноста се додека не се избере нова.
Најви дека по завршувањето на главната седница, РКЕ ќе ја информира Владата.
„Владата понатаму во соработка со Министерството за економија е должна да организира тендер односно јавен повик на кој ќе биде избран нов вршител за вршење на енергетска дејност - производство на топлинска енергија така што во наредниот период очекувам дека сите роковои за организирање на јавниот повик ќе бидат кратки се со цел да завршат навремено и да се избере нов вршител на енергетската дејност производство на топлинска енергија“, изјави Бислимовски.
РКЕ и Народниот правобранител се договорија за нов правилник за читање на потрошената струја
Бислимовски додаде дека лично смета дека оваа дејност треба да ја врши компанија кога ќе биде во државна сопственост.
„Имајќи ги предвид искуствата на другите градови пред се од поранешна Југославија, вообичаено е оваа дејност да ја вршат или компании кои што се во државна сопственост или пак компании кои се во сопственост на општините или градовите“, рече Бислимовски.
Одземањето на лиценцата доаѓа откако БЕГ пријави сериозни трошоци за изминатата година, па на почетокот на 2022 година, државната ЕСМ го презеде управувањето и со парното во Скопје.
Како причина беше наведена високите цени на енергенсите, поради што компаниите не можеа да обезбедат финансирање на грејната сезона без државна помош.