Северна Ирска: планот на Лондон за измена на трговскиот договор со ЕУ е неприфатлив

Протоколот за Северна Ирска е дел од договорот за излегување на Британија од ЕУ, според кој Северна Ирска останува дел од единствениот пазар на стоки во ЕУ

Премиерот на Северна Ирска Мишел Мартин изјави дека планот на британската влада за измена на дел од трговскиот договор со ЕУ, склучен по излегувањето на Британија од Унијата, е неприфатлив и претставува „економски вандализам“ над Северна Ирска, јавува Би-Би-Си. Мартин смета дека промените на Протоколот за Северна Ирска ќе ѝ наштетат на економијата на земјата.„Целосно прифаќаме дека има легитимни проблеми со функционирањето на протоколот и веруваме дека тие би можеле да се решат преку сериозни преговори меѓу британската влада и ЕУ“, рече Мартин. Тој додаде дека двојните регулаторни стандарди, кои исто така се дел од предлогот на британската влада, може да предизвикаат сериозна штета на економијата на Северна Ирска.

ЕУ со правни дејствија врз Британија во врска со Северна Ирска

Протоколот за Северна Ирска е дел од договорот за излегување на Британија од ЕУ, според кој Северна Ирска останува дел од единствениот пазар на стоки во ЕУ. Британската влада во минатата недела во парламентот претстави план за измени на протоколот, со цел да се олесни протокот на одредена стока во Северна Ирска од другите делови на Британија.