Разузнавачите предупредуваат на разнишан морал меѓу украинските и руските војници
Украинските воени медицинари носат ранет војник
Британското Министерство за одбрана денеска предупреди дека украинските и руските борбени единици „посветени на интензивна борба во Донбас“ веројатно страдаат од „разнишан морал“, повикувајќи се на информации од британските разузнавачки служби.
Украинските и западните разузнавачи со месеци укажуваат на знаци на разнишан морал, па дури и распаднат меѓу руските војници од почетокот на инвазијата на 24 февруари.
Но, британското соопштение преку Твитер е меѓу најсилните индикации досега за проблемите со моралот меѓу Украинците, кои мобилизираа војници и цивили во одбраната за да им се спротивстават на Русите.