Ковачевски: Коалицијата е стабилна, нема предвремени избори

Средба на коалициските партнети во Владата

Предвремени избори нема да има, став за францускиот предлог ќе следи откако тој се усогласи меѓу сите земји членки на ЕУ, а владината коалиција е стабилна и работи во интерес на граѓаните, беа главните точки на кои говореше премиерот Димитар Ковачевски, по денешната средба со коалициските партнери во Владата.

Тој повтори дека не прифаќа уцени за распишување предвремени избори, за кои рече дека ќе се одржат во регуларниот термин, во 2024 година, а ја повика опозицијата да ја преипита одлуката за блокади.

„Легитимно право на опозицијата е да ги користи сите демократски методи за политичка борба со власта, меѓутоа уцените за предвремени избори и обидите за блокада на законодавната власт ги оценуваме како неразумни и во најлош мошен тајминг и целосно против интересите на македонските граганите и државата“, рече премиерот.

Појасни дека Владата и понатаму ќе работи „како и досега“ во услови на блокада, истакнувајќи дека опозициската блокада, како што рече, трае веќе две години, уште од времето на корона кризата.

„Ова е единствена неодговорна позиција во цела Европа, којашто наместо да низ дијалог во Собранието и во собраниските комисии каде што е местото за носење и унапредување на законските решенија, направи повеќе за граѓаните, единствено што прави е блокирање на законите коишто се од интерес и на граганите и на компаниите“, истакна Ковачевски.

Запрашан за став за францускиот предлог, како можност за деблокирање на евроинтегративните процеси за земјава, тој истакна дека нашите најискусни дипломати во МНР прават анализи на овие документи, но одби да го коментира се додека не биде усогласен од сите 27 членки на ЕУ.

„Ние го следиме развојот на настаните и во бугарското собрание. Доколку таму овој предлог биде усвоен, и кога ќе биде усвоен, и кога ке биде доставен официјално до Република Северна Македонија, тогаш тој нормално ке биде предмет на анализа во детали и споделен со институциите во државата согласно со нашите одредби во законското уредување“, рече премиерот.

Најави нов пакет антикризни мерки, системски реформи и борба против корупцијата. Во однос на евроинтеграцијата, спомена дека на средбата со партнерите го реафирмирале ставот за стратешките приоритети на државата и постоечките документи.

Средбата на коалициските лидери во власта беше организирана по синоќешниот голем опозициски протест каде лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски побара предвремени избори, при што најави дека ако тоа не се договори во текот на летото, ќе пристапат кон нови протести и целосна блокада на институциите.

Во својот едночасовен говор за време на протестот организиран под мотото „Премногу е“ , Мицкоски рече дека е против францускиот предлог за бугарското вето и ги критикуваше економските политики на власта.

Протестот се случи по повеќе од еден месец активна опозициска блокада во македонското собрание, која започна откако Владата на Ковачевски не одговори на повикот за средба со опозицијата на која ќе се разговара за распишување предвремени избори.