Германскиот министер за економија Роберт Хабек подготвува дополнителни мерки за да ја ограничи потрошувачката на природен гас во земјата и да се оттргне од веќе намалените испораки на руски гас, јавува германската новинска агенција ДПА.
Оттаму поосочуваат дека владата во Берлин обезбедува милијарди евра средства за поддршка на користењето помалку гас за електрична енергија и за индустријата. Просториите за складирање, исто така, ќе се полнат дополнително пред почетокот на зимата, се вели написот.
Рускиот монопол „Гаспром“ го прекина снабдувањето со голем број земји поради неговото барање да плаќаат во рубљи по воведувањето на санкциите.
Притоа најавени беа повеќекратни намалувања неделава на своите испораки преку гасоводот Северен тек 1 до Германија, наведувајќи технички проблеми.
Хабек тогаш рече дека новите случувања се политички и „јасно покажуваат дека објаснувањето на руската страна е само изговор“.
Германија традиционално е еден од најголемите клиенти на гас во Русија.
Гаспром веќе го прекина снабдувањето со Бугарија, Полска, Финска, Холандија и Данска.