Французите денеска гласаат на вториот и последен круг од парламентарни избори, каде претседателот Емануел Макрон ќе се обиде повторно да обезбеди апсолутно мнозинство за членовите на неговата центристичка партија.
Гласањето ќе одреди дали Макрон ќе може релативно лесно да ја спроведе својата политичка агенда во неговиот втор мандат или ќе треба повеќе да се ангажира со силите на левицата.
Коалицијата на левичарски, социјалистички, комунистички и зелени партии, предводена од Жан-Лук Меланшон, му се заканува на мнозинството на Макрон.
Доколку тоа се случи, неговите пратениците ќе бидат принудени да бараат поддршка од други групи за какви било иницијативи, што би можело да ги разводни плановите на Макрон. Излезноста ќе биде клучна за изборот на 577 члена на Националното собрание.