Топлотниот бран во Европа како „маркер на климатските промени“

Шумски пожар во близина на Артеса де Сегре, Шпанија, 18 јуни 2022 година

Европејците се справуваат со топлотниот бран со температури над 40 Целзиусови степени, што придонесува за шумски пожари и ги зголемува стравувањата дека ваквите жешки периоди на почетокот на летото стануваат норма.

Високите температури особено силно ги погодуваат Шпанија и Франција, каде што на 18 јуни во приморското одморалиште Бијариц беше забележана највисока температура од 42,9 степени досега.

Научниците предвидоа дека таквите жешки периоди најверојатно ќе пристигаат порано и ќе продолжуваат подолго, бидејќи климатските промени предизвикани од човекот се влошуваат.


Синоптичарите се надеваа дека пристигнувањето на бури од брегот на Атлантикот кон крајот на денов, може да донесе одредено олеснување.

Матие Сорел, климатолог во Метео Франс, рече дека ова е најраниот топлотен бран некогаш забележан во Франција, почнувајќи од 1947 година.

Тој го нарече екстремното време „маркер на климатските промени“.


Шпанските пожарникари се бореа за контрола над разбеснетите шумски пожари во повеќе делови на земјата, бидејќи жешките и суви ветрови брзо ги шират пожарите.

Замора, во близина на границата со Португалија, и Каталонија, на исток, беа меѓу најтешко погодените региони.

Нема извештаи за загинати или повредени од пожарите во Шпанија.