Собир во Киев во чест на активистот од Мајдан убиен борејќи се за Украина

Роман Ратушни на политички митинг во Киев, 02 февруари 2021 година

Стотици луѓе се собраа во центарот на Киев на 18 јуни во знак на оплакување за смртта на Роман Ратушниј, активист кој стана добро позната личност во прозападната револуција во Украина во 2014 година.

24-годишниот Украинец беше убиен на 9 јуни во битката против руските војници за градот Изум на истокот на земјата, околу 115 километри северозападно од Северодоњецк.

Ратушниј им се приклучи на украинските вооружени сили на првиот ден од руската целосна инвазија на неговата земја на 24 февруари.


Активистот учествуваше на антивладините собири на Мајдан во 2014 година, кои го соборија претседателот на Украина, пријател на Русија, Виктор Јанукович, и помогнаа земјата да се приближи кон Западот.

Оттогаш, тој стана познат по својот граѓански и еколошки активизам.