Kосовскиот премиер, Албин Курти и министерката за правда, Албулена Хаџиу на заедничка прес-конференција
Итно заживување на процесот на ветинг во судството и ставање во функција на Канцеларијата за заплена на имотот чие потекло не може да се оправда најавија денеска косовскиот премиер, Албин Курти и министерката за правда, Албулена Хаџиу на заедничка прес-конференција.
Курти рече дека последните коментари на Венецијанската комисија за овие две прашања, објавени денеска, се доказ дека „предложените реформи од страна на Владата се во согласност со политиките на демократските држави“.