Вооружени напаѓачи денеска влегле во храмот на Сиките во Кабул, при што загинале најмалку две лица, а седум се ранети, соопштија официјални претставници.
„Слушнав истрели и експлозии“, изјави Гурнам Синг, водач на заедницата на Сиките, додавајќи дека околу 30 Сики биле во храмот.
Абдул Нафи Такур, портпарол на талибанското Министерство за внатрешни работи, за авганистанскиот сервис на РСЕ изјави дека вооружени лица рано утрото ги нападнале Сиките и Хиндусите и дека судирите се уште траат.
„Неколку минути подоцна автомобил-бомба експлодираше во областа, но не предизвика жртви“, рече Такур.
Сиките се мало религиозно малцинство во главно муслиманскиот Авганистан, составено од околу 300 членови пред падот на земјата во рацете на Талибанците. Според членовите на заедницата и извештаите на медиумите, многумина ја напуштиле земјата по преземањето.
Заедницата на Сиките, како и другите верски малцинства, е постојана цел на насилство во Авганистан. Во нападот за кој одговорноста ја презеде Исламската држава, во друг храм во Кабул во 2020 година, загинаа 25 лица.