Шпанија се бори со шумски пожари, додека собирите на отворено се забранети во делови од Франција поради рекордно високи температури.
Концертите и големите јавни собири беа откажани во делови од Франција бидејќи температурата на 16 јуни достигна 40 степени Целзиусови, порано во сезоната од кога било досега. Врвот на температурите се очекува во недела на 19 јуни.
Научниците велат дека периодите на интензивна топлина стануваат се почести и подолги како резултат на глобалното затоплување.
Во период на високи температури минуваат и Шпанија, Италија и Велика Британија.
Во Шпанија, шумските пожари денеска изгореа речиси 9.000 хектари шума во северозападот на земјата, во регионот Сиера де ла Кулебра, принудувајќи околу 200 луѓе да ги напуштат своите домови, соопштија локалните власти.
Повеќе од 3.000 луѓе се евакуирани од забавниот парк Пуј ду Фу во централна Шпанија поради страв од пожари во неговата близина.
Пожарникарите гаснеа пожари во неколку региони, вклучувајќи го и шумскиот терен во Каталонија, каде временските услови го комплицираа гаснењето.
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез денеска ги пофали пожарникарите, за кои реде дека ги „ги ризикуваат своите животи на првите огнени линии“.
Температурите во Шпанија денеска достигнаа до 35 степени Целзиусови, додека во некои делови се очекува температурите да достигнат и до 40 степени.
Екстремни горештини оваа недела не ја погодија само Европа. На 15 јуни на третина од целото население на САД им беше препорачано да остане внатре поради рекордните температури.
Во главниот град на Индија, Делхи, ова лето е забележана максимална температура од најмалку 42 Целзиусови степени во 25 дена, објави Индискиот метеоролошки центар.
Климатските промени предизвикуваат пораст на глобалните температури. Ефектот на стаклена градина со гасови како што е јаглерод диоксид, испуштен во атмосферата на Земјата во големи количини, ја задржува сончевата топлина, предизвикувајќи загревање на планетата.
Ова доведе до поекстремни временски услови, вклучително и рекордно високи температури ширум светот.