Регистриран прв случај на мајмунски сипаници во Србија

Илустративна фотографија

Во Србија е регистриран првиот увезен случај на мајмунски сипаници, соопшти денеска српскиот Институт за јавно здравје.

„Случајот беше дијагностички препознаен и згрижен. Лабораториска дијагностика беше спроведена во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми Торлак“, наведува Институтот за јавно здравје.

Во соопштението се додава дека територијално надлежниот Завод за јавно здравје извршил епидемиолошка истрага на случајот и дека се спроведени сите пропишани мерки за евидентирање, тестирање, пријавување и контрола на натамошното ширење на заразата.

Во согласност со меѓународните здравствени регулативи и протоколи, првиот потврден случај на мајмунска сипаница во Србија е пријавен во меѓународни здравствени институции.

ИЗЈС Батут упати апел до граѓаните да применуваат превентивни мерки и да ги почитуваат препораките на здравствените установи за да го зачуваат своето здравје