Европската унија го загуби својот „политички суверенитет“, изјави рускиот претседател Владимир Путин во говорот на годишниот економски форум во Русија.
Неговиот коментар доаѓа неколку часа откако Европската комисија предложи Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус за членство во Европската унија.
Путин во Санкт Петербург исто така рече дека ЕУ е на пат кој ќе доведе до радикализам и промена на елитата и ги критикуваше економските политики на ЕУ, како што се „печатење пари“ за справување со високата инфлација и нееднаквост.
Тој го нападна Западот бидејќи него лично го обвинувал за своите економски проблеми и рече дека рускиот напад врз Украина, како што Москва го нарекува „специјална воена операција“, нема никаква врска со високата инфлација во развиените земји.
Украина е четврти најголем извозник на житни култури во светот. Таа е главен извозник на пченка, пченица и семки од сончоглед.
Меѓутоа, Русија ги блокира украинските пристаништа на Црното Море и на тој начин го запира извозот на жито по морски пат. Во Украина се заглавени околу 20 милиони тони житни култури.
Глобалните цени на пченицата достигнаа рекордно ниво во март, а зголемувањето на цените на храната предизвика протести во земјите во развој, како и забрзување на големите стапки на инфлација ширум светот.