Проруските десничарски партии во Бугарија би можеле да забележат одличен резултат на предвремените избори во случај на очекуваниот пад на владата на проевропскиот премиер Кирил Петков, пишува „Фајненшл тајмс“. Петков зазеде тврд став против Русија поради нејзината инвазија врз Украина, а неодамна го смени министерот за одбрана Стефан Јанев бидејќи војната ја опиша како „специјална операција“, што е формулација на Кремљ.
Во Софија митинг за поддршка на Минчев и Петков
Меѓутоа, Петков сега е на работ да падне од власт бидејќи неговата широка коалиција минатата недела го загуби мнозинството поради спорот за проширувањето на ЕУ, односно поддршката за отворање на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија. Од друга страна, Јанев повторно е во игра, овојпат како лидер на новата националистичка партија Бугарија во подем, наклонета кон Москва.
Ќе „профитира“ ли Македонија од превирањата во бугарската влада
Доколку падне владата, Бугарите веројатно ќе одат на четврти избори за нешто повеќе од една година, на кои аналитичарите очекуваат значително зајакнување на десничарските партии со проруски став, вклучувајќи го и новиот основан од Јанев, пишува „Фајненшл тајмс“, наведувајќи дека лидерот на малата владејачка партија „Да, Бугарија“, Христо Иванов изјави дека власта веројатно нема да може да опстане, но оцени дека предвремените избори „ќе го донесат истиот хаос, но со повеќе екстремисти“. Кризата, додава „Фајненшл тајмс“, започна кога стана јасно дека Петков сака да постигне договор со Северна Македонија, за Бугарија повеќе да не ги блокира преговорите за членство на Скопје во ЕУ во замена за одредени отстапки. Трифонов тврдеше дека неговата партија била заобиколена во преговорите и го обвини Петков за предавство.