Францускиот предлог би требало да биде на комисиска расправа во бугарскиот парламент

Асен Василев и Кирил Петков, Собрание на Бугарија, Софија

Францускиот предлог за кревање на бугарското вето за почеток на пристапните разговори на Македонија со Европската унија, според најавите на бугарските медиуми, денеска би требало да се најде на пред Комисијата за надворешна политика на собранието на Бугарија. Копретседавачот на партијата „Демократска Бугарија“, Христо Иванов вчера оцени дека францускиот предлог за европски гаранции за исполнување на бугарските услови од Северна Македонија е успех за Бугарија. Според Иванов, Бугарија е на пат да ја пропушти можноста за добра зделка што ја направи француското претседателство.

Мицкоски - Францускиот предлог е нокаут за македонската дипломатија

Најважниот параметар на овој договор, како што вели, е дека ќе има обврска од Европската комисија да следи дали Северна Македонија ќе ги вклучи Бугарите во уставот на земјата како другите народи кои се основачи на републиката, а не како малцинство. „И ако тоа не се случи, нема да има преговори за првото поглавје. Ова е успех за бугарската дипломатија и ова не е национално предавство“, рече Христо Иванов.

Османи – Прво да видиме усогласен став во ЕУ, па ќе дадеме одговор на францускиот предлог за укинување на ветото

Шефот на македонската дипломатијата Бујар Османи вчера изјави рече дека прво треба да се види дали предлог ќе биде усогласен од сите земји-членки. „Нашата позиција е дека ќе коментираме и дека ќе дадеме наши ставови откако предлогот ќе биде доставен меѓу земјите-членки или ќе коментираме став што ќе има поддршка од сите земји-членки. Мислам дека тоа е најправичниот начин да комуницираме“, истакна Османи на прес-конференција во Охрид пред почетокот на Преспа форумот за дијалог 2022. Според Османи, не била охрабрувачка политичката сцена во Бугарија, но оти Македонија го следи патот што го трасира француското претседателство.

Во Софија митинг за поддршка на Минчев и Петков

Вчера во Народното Собрание по тензичната дебата, со 125 гласа за и 114 против беше сменет претседателот на парламентот Никола Минчев. Одлуката за смена ја донесе новата коалиција – ГЕРБ, Има таков народ, ДПС и Преродба. Овие 125 гласа значат и мнозинство за уривање на владата на Петков, на