Животот во најжешкиот град во светот
Сонари, трудница, собира дињи на фарма на периферијата на Џакобабад на 17 мај. Жените во сиромашните земји на првата линија на климатските промени се особено ранливи на порастот на температурите, бидејќи многумина се обврзани да работат за време на нивната бременост и набргу по породувањето.
Жените и децата се обидуваат да се разладат со вода на фарма во близина на Џакобабад за време на рекордниот топлотен бран. Температурата на 14 мај која достигна 51 Целзиусов степен, метеоролозите ја нарекоа многу необична. Просечната максимална дневна температура во Џакобабад обично е околу 43 степени.
Бибан, бремена фармерка, го чисти плевелот за време на топлотниот бран на 17 мај. Светската метеоролошка организација објави дека екстремната топлина што зафати големи делови од Пакистан била поради климатските промени
Рехмат (30) ѝ помага на Разија (25) да ја разлади својата 6-месечна ќерка Тамана за време на топлотниот бран во Џакобабад.
Децата се почувствителни на топлина од возрасните.
Захида (16) пере алишта за време на топлотен бран, пред нејзиниот семеен дом, во Џакобабад кој во минатиот месец стана најжешкиот град на Земјата
Разија и нејзината ќерка Тамана седат пред вентилатор за да се разладат за време на големата топлина на 15 мај. Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) објави извештај за долгорочните перспективи на Пакистан, прикажувајќи мрачна слика за проблемите со кои ќе се соочи земјата, како што се подолги, поинтензивни топлотни бранови, суши и зголемување на сиромаштијата. Како што се намалува производството на храна, жените и децата ќе бидат поранливи на неухранетост.
Млади момчиња се обидуваат да се оладат за време на топлотниот бран додека бивол седи во калта зад нив.
Речиси 90 насто од земјоделството во Пакистан е поддржано со наводнување од реката Инд и нејзините притоки кои добиваат вода од глечерите. Климатските промени го забрзаа топењето на глечерите, зголемувајќи ја веројатноста за појава на поплави. Брзото топење на глечерите, зголемените температури, менувањето на годишните времиња и непредвидливите обрасци на врнежи го менуваат протокот на Инд, што ќе има зголемено влијание врз земјоделските активности, производството на храна и егзистенцијата.
За време на топлотниот бран, Вадери (17) со својот едномесечен син Амар Кумар дома на периферијата на Џакобабад.
Според Геолошкиот институт на Соединетите држави, достапноста на слатката вода во Централна, Јужна, Источна и Југоисточна Азија се очекува да се намали до 2050-тите, при што крајбрежните области се загрозени поради зголемените поплави. Стапката на смртност од болести поврзани со поплави и суши се очекува да се зголеми.
Деца во училница за време на прекин на струја.
За да одговори на сериозните еколошки предизвици на Пакистан, владата најави амбициозни планови за намалување на емисиите, како и иницијативи како што е проектот Цунами од 10 милијарди дрвја на поранешниот премиер Имран Кан, кој имаше за цел да ја врати шумската покривка во земјата која брзо се намалува. Сепак, политичката несигурност на државата, корупцијата и лошото планирање го отежнаа спроведувањето на неопходните промени за да се обезбеди здравјето на нејзините најранливи граѓани.