Чешкото претседателство со ЕУ ќе има приоритет да организира самит за „реконструкција“ и да започне еден вид Маршалов план за Украина, изјави чешкиот премиер Петaр Фиала. „Би сакале да организираме самит за повоена обнова на Украина со Маршаловиот план за Украина во присуство на претседателот Владимир Зеленски“, рече чешкиот премиер. Чешката Република ќе го преземе ротирачкото шестмесечно претседавање со Советот на ЕУ на 1 јули. Сепак, Фиала призна дека мирот во Украина е предуслов за организирање на таков самит. Украинскиот претседател Зеленски вчера се обрати во чешкиот парламент преку видео врска.
Зеленски бараа поостри санкции против Русија и кандидатски статус на Украина за ЕУ
„Управувањето со бегалската криза, повоената обнова на Украина, енергетската безбедност, зајакнувањето на европската одбрана и сајбер безбедноста се некои од приоритетите на новото претседателство“, рече Фиала, додавајќи: „Треба да продолжиме да вршиме притисок врз Русија, да го зачуваме европското единство околу неа и да продолжиме да ја поддржуваме Украина“. Чешка го презема претседавањето со ЕУ од Франција и го предава на Шведска на 1 јануари 2023 година. Чешка прифати 300.000 украински бегалци и и испорача оружје на Украина за 142 милиони евра од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.