ОН: Илјадници цивили во Доњецк се заробени - недостатокот на вода и санитарни услови е загрижувачки

Илустрација

Илјадници цивили, вклучително и жени и деца, се заробени во северниот дел на Доњецк во источна Украина со намалени резерви на вода за пиење, без канализација и електрична енергија, предупредија Обединетите нации.

Ситуацијата е критична во бункерите под фабриката Азот, каде стотици цивили се кријат од интензивните борби.

Савијано Абреу, портпарол на Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања, рече дека недостатокот на вода и санитарни услови е загрижувачки.

„Луѓето не можат да преживеат без вода долго време. Ако треба да се потпрат на несигурни извори, тоа претставува ризик по здравјето. Мораме да се погрижиме, што е можно поскоро, луѓето кои се уште се таму да имаат пристап до вода“, рече тој.

СЗО: Од почетокот на руската инвазија, 226 напади врз здравствени установи во Украина

Хуманитарниот огранок на ОН се подготвува да им помогне на луѓето кои се заробени во градот, но во моментов нема пристап или гаранција дека до цивилите ќе се стигне безбедно, пишува Би-Би-Си.

Украина го отфрли ултиматумот на Русија да го положи оружјето во Северодоњецк.

Утрото на 15 јуни, Москва им нареди на украинските сили, кои заедно со околу 500 цивили беа забарикадирани во фабриката Азот, да го положат оружјето.

Сепак, градоначалникот на Северодоњецк, Олександр Стрјук, изјави дека рокот е поминат, а украинските сили се уште го бранат градот.

„Се обидуваме да го турнеме непријателот кон центарот. Ситуацијата се уште се развива, има успеси и тактички повлекувања“, рече Стрјук, додавајќи дека има рути за евакуација, но дека тие се опасни.