Остин - Мораме да ја зајакнеме нашата заедничка посветеност на самоодбраната на Украина

БЕЛГИЈА-НАТО-ОДБРАНА-ДИПЛОМАТИЈА-УКРАИНА-РУСИЈА-КОНФЛИКТ

Западот мора да го засили снабдувањето со оружје за Украина и да ја докаже својата посветеност како и да помогне на воената борба на земјата во тешката војна со Русија, порача денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Во седиштето на НАТО во Брисел каде денеска почнува дводневен состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, американскиот секретар Остин ги повика земјите учеснички да покажат „непоколеблива решителност да и дадат на Украина се што и е потребно за да се одбрани“.

„Мораме да ја зајакнеме нашата заедничка посветеност на самоодбраната на Украина и мора да работиме уште понапорно за да обезбедиме Украина да може да се брани себе, своите граѓани и својата територија“, рече Остин.

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников, кој присуствуваше на состанокот во Брисел свикан од американскиот секретар за одбрана, рече дека е благодарен за сета воена помош што државите веќе и ја доставија или ветија на Украина.

Претходно украинскиот претседател Володомир Зеленски повика на поголема и побрза испорака на оружје од Западот, особено во делот на противракетната одбрана.