Кинескиот претседател Си Џинпинг ја повтори поддршката на неговата земја за Русија за прашањето на „суверенитетот и безбедноста“.
Тој во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин рекол дека „сите страни треба одговорно да се залагаат за правилно решение на украинската криза“, пренесе кинеската државна агенција Ксинхуа.
Истовремено на Путин му кажал дека Кина е подготвена да работи со Русија на взаемна поддршка кога станува збор за теми од заеднички интерес, како што се суверенитетот и безбедноста.
Неколку недели пред рускиот напад врз Украина на 24 февруари, Путин и Кси се состанаа во Пекинг.
На таа средба, двајцата лидери се спротивставија на притисокот на САД, велејќи дека се против какво било проширување на НАТО.
Кина одби да ја осуди руската инвазија на Украина и да ја опише на тој начин, поради почит кон Москва, обвинувајќи го НАТО и Западот дека ја провоцирале Русија да ја нападне земјата.