Тупанчевски: Никој нема да биде поштеден од одговорност по акцијата во затворот „Идризово“

Министерот за правда Никола Тупанчевски

Никој нема да биде поштеден од одговорност порача денеска министерот за правда Никола Тупанчевски, по спроведената координирана акција на повеќе институции во Казнено поправната установа-КПУ „Идризово“ каде биле пронајдени мобилни, ножеви, дрога и други недозволени предмети за поседување во затворите.

„Се разбира никој нема да биде поштеден од одговорност. Се работи за количина на мобилни телефони, ладно оруќје итн. Без оглед на се, зборуваме за затворска популација или зборуваме за казнено поправна установа од затворен тип. Само по себе пред се тоа подразбира одговорност, не станува збор за некаква дисциплинска повреда и не се работи за некоја лесна форма на криминалитет, самото по себе тоа подразбира дека одговорност треба да има. Меѓутоа сепак да го оставиме тоа да го завршат институциите коишто се надлежни“, истакна Тупанчевски.

Директорот на Управата за извршување на санкции, Спасовски нагласи дека направен е неселективен претрес во повеќе одделенија во 25 простори на затворот и дека се уште постојат индиции дека има мобилни телефони.

„Ние редовно, на редовно ниво се вршат претреси на одредени ќелии, меѓутоа станува збор за најголем затвор и не е можно во една акција да бидат опфатени сите ќелии“, истакна Спасовски, посочувајчи дека претресот бил со наредба на обвинител и бил наменет за влез во 25 ќелии и точно таргетирани лица.

Во акцијата во КПУ Идризово вчера беа пронајдени поголема сума пари од законски дозволените што осудените лица може да ги поседуваат, како и 50-ина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножа и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста и течна состојба и други предмети