За 10, 7 отсто лани е зголемен бројот на умрени лица во однос на претходната година. Лани починале 28.516 лица.
Поголем број се од машки пол, и тоа 15 155 или 53.1 процени.
Бројот на умрените доенчиња изнесува 85, a нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 0.3 проценти на 100 умрени лица, соопшти Државниот завод за статистика.
Според месецот на смртта, најголем број случаи се евидентирани во април (3.212).
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 75.2 години кај лицата од женски пол, или за 3.6 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Една третина од смртните случи е резултат на болести на циркулаторниот систем, повеќе од 20 отсто починале како последица на ковид-19, потоа следнат неоплазмите со 13.8 проценти, кај 5.8 отсто причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести, кај 4.2 отсто се болестите на респираторниот систем, а потоа следат други причини за смрт, но со помала застапеност.