Столтенберг побара повеќе оружје за Украина, обуката за западните системи бара време

БЕЛГИЈА - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг присуствува на прес-конференција пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во седиштето на алијансата во Брисел, Белгија, 15 јуни 2022 година

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека има „итна потреба“ за испраќање понапредно вооружување во Киев, но предупреди дека запознавањето на украинската војска со таквите системи бара време.

„Украина е навистина во многу критична ситуација и затоа има потреба за засилување“, рече Столтенберг во пресрет на состанокот на министрите за одбрана од НАТО во Брисел.

Пред состанокот на НАТО, се очекува околу 50 министри од Контакт групата за одбрана на Украина да разговараат за повеќе испораки на оружје за Киев.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин е подготвен да ја води дискусијата на Групата, соопштија официјални претставници.

НАТО официјално не учествува во организацијата на разговорите на Контакт групата за да избегне воено вмешување во конфликтот меѓу Украина и Русија.

Во Контакт групата членуваат земји од Алијансата, но и такви кои не се членки.
Западот ѝ достави на Украина големи количества оружје за да ѝ помогне во борбата против руската инвазија, но Киев пора потешко и понапредно оружје за да се спротивстави на тешките артилериски гранатирања од руска страна.

Столтенберг рече дека сојузниците преминале од испраќање постара опрема кон испорака на системи со „поголем дострел, понапредни системи за противвоздушна одбрана, понапредна артилерија, повеќе тешко вооружување“.

„Сега, кога всушност започнуваме со транзицијата од оружје од советската ера кон помодерно оружје од НАТО дека ќе биде поттебно одредено време Украинците да научат да ги користат и управуваат со овие системи“, рече тој.

Столтенберг рече дека лидерите на НАТО, на Самитот во Мадрид кон крајот на овој месец, треба да договорат „сеопфатен пакет помош“ за Украина за да ѝ помогнат на земјата да ги префрли своите оружени системи според НАТО-стандарди на подолг рок.