Џафери - Интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ е груб обид за манипулација

Претседателот на Собранието Талат Џафери

Интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ содржи низа невистини и е груб обид за манипулација, наведува претседателот на Собранието Талат Џафери во одговор на поднесената интерпелација што за него ја поднесоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

„Тврдењата изнесени во интерпелацијата јасно укажуваат на намерата на подносителите без каква било основа да ги девалвираат моите постигнувања“, стои во одговорот на Џафери.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ на 30 мај поднесоа Интерпелацијата за работата на Џафери, како резултат на, како што наведоа, хаосот кој што се случува во Собранието, а е под директива на Џафери. Пратеничката група наведе дека во изминатиот период се почесто се забележува прекршување на Деловникот, во Собранието има скандали и понижување на пратеници, а Џафери си ја присвоил функцијата и се однесувал како да има право да со, како што вели, самоволието кое што го спроведува Џафери во навредува, пцуе, омаловажува и да заклучува пратеници, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ кога ја поднесоа интерпелацијата.

Џафери вели дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тоа го прават за дневно – политички цели и пласираат груби невистини со наводите во интерпелацијата дека ги прекршува Уставот, законите и собранискиот Деловник.

„Во врска со наводите дека сум го прекршил Деловникот со тоа што сум побарал да се затворат вратите на пленарната сала за да се пребројат присутните пратеници, на сите упатени во случувањата во Собранието во последните неколку години, веројатно им е многу јасно дека станува збор за чисто лицемерство. Односно, мошне јасна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување на битни закони за граѓаните, и овој пат да создаде лажна претстава во јавноста дека јас постапувам спротивно на Деловникот“, наведува Џафери.

Претседателот на Собранието вели дека во изминатите пет години, се однесува со посебна почит кон сите вработени во Службата на Собранието, а како аргумет го посочува тоа што се залагал за донесување на законски измени кои овозможија независност на собраниската служба.

Собранискиот спикер неколку денови пред да му ја поднесат интерпелацијата побара да се заклучат собраниските врати од салата, за службите да ги пребројат пратениците на 71 првата седница.

На ова пак, претходеше аудио снимка којашто излезе во јавноста по завршувањето на една од собраниските седници, а на која се слушаа пцовки и навреди од претседателот Џафери кон собраниските служби, за што Џафери изјави дека не чувствува вина и одговорност поради аудио снимката на која се слуша неговата кавга со службите.

Според него, грешката е кај службениците, бидејќи не работеле, а пцовките не биле кон вработените, туку кон односот што го имале кон работата.