Од денеска, заклучно со 30 септември, белиот леб, белиот шеќер и сончогледовото масло за јадење ќе се продаваат со пет насто трговска маржа во трговија на големо и пет насто во трговија на мало. За пченично брашно, тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз, трајно млеко и јајца се утврдува маржа од десет проценти во трговија на големо и трговија на мало. Ова вчера го најави министерот за економија Крешник Бектеши, кој изјави дека од денеска, со објавување во „Службен весник“, оваа одлука ќе стапи во сила, а ќе трае до 30 септември годинава. Дополнително на тоа, како што додаде, во делот на формирање на цени, до крајот на годината нема да се пресметуваат никакви дополнителни оперативни трошоци и нема да се одобруваат ниту рабат ниту надоместоци на секој трговец на мало кои ги плаќа трговецот на големо или производителот.
Ако ги покачите цените ќе пристапиме кон кажување на мајка ви
„Нема да има дополнителни трошоци за производителите и увозниците на прехранбени производи врз основа на такви договори кои ги прават меѓу себе во делот на рекламирање, во делот на позиционирање на производите во маркетите и слично“, додаде министерот. Владата, според Бектеши, будно ќе ја следи ситуацијата и, како што додаде, нема да дозволи да се прави профит на грбот на граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дали Владата ќе се откаже од некакви давачки што компаниите ги имаат кон државата, со оглед на високите цени на струјата и високите цени на суровините, Бектеши рече дека цените на продуктите не се зголемени поради зголемување на струјата оти, како што кажа, цената на струјата овој месец не е поголема од претходните месеци.