Соработник на затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални вели дека критичарот на Кремљ наводно бил префрлен од неговата казнена колонија на непозната локација.
„Алексеј Навални беше одведен од поправната колонија бр. 2. Неговиот адвокат, кој сакаше да го види, беше задржан во приемниот дел до 14 часот, а потоа му беше кажано: „Ние немаме таков затвореник овде. Не знаеме каде е сега Алексеј и во кој затвор е префрлен“, напиша на Твитер лицето за односи со јавност на Навални, Кира Јармис.
Се очекуваше Навални да биде префрлен во построга казнена колонија откако Градскиот суд во Москва во мај ја одби неговата жалба за новата деветгодишна затворска казна изречена во март под обвинение за проневера и непочитување на судот. Тој веќе одлежа уште една затворска казна во казнената колонија во градот Покров, околу 200 километри источно од Москва, од друг случај.
- Рускиот суд издаде налог за апсење на уште еден соработник на Навални
- Навални се соочува со нови обвиненија
Претходно тој изјави дека може да биде префрлен во озлогласениот затвор во кој се наведува дека затворениците биле мачени.
Отворениот непријател на рускиот претседател Владимир Путин и неговите поддржувачи ги отфрлија сите обвинувања против него, нарекувајќи ги политички мотивирани.
Навални беше уапсен во јануари минатата година по пристигнувањето во Москва од Германија, каде што беше лекуван од напад со отров, што европските лаборатории го дефинираа како нервен агенс од советски тип.