Петмина пратеници од бугарската партија ИТН стануваа независни

Иво Атанасов, Радостин Василев, Георги Георгиев, Николај Радулов

Петмината бугарски пратеници, кои вчера најавија дека заминуваат од партијата „Има таков народ“ поднесоа барања за напуштање на пратеничката група во Народното собрание. Николај Радулов, Дејан Петков, Иво Атанасов, Светлин Стојанов и Георги Георгиев станаа независни пратеници, јавија бугарските медиуми.

Парламентарната група на ИТН сега во бугарскиот Парламент има 20 пратеници.

Бугарските медиуми јавија дека на Фејсбук се организира национален марш за поддршка на владата на Кирил Петков и Асен Василев што треба да се одржи во Софија на 22 јуни.

По повлекувањето на „Има таков народ“ од владата, владината коалиција сега нема мнозинство во парламентот. Коалицијата на премиерот Кирил Петков има поддршка од 109 пратеници, а за мнозинство има требаат 121 пратеници.