РКЕ и Народниот правобранител се договорија за нов правилник за читање на потрошената струја

Нов правилник според кој Електродистрибуција ќе мора најмалку 4 пати годишно да ги чита струјомерите е исходот од работниот состанок на претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски и народниот правобранител, Насер Зибери што се одржа во просториите на Народниот правобранител на барање на омбудсманот.

„Препорака е тоа да се прави и почесто, особено во зимските месеци. За размислување е ставена можноста за рамномерно плаќање на струјата на 12 рати. Односно, да се види колкава е годишната потрошувачка на струја за едно домаќинство за да не се случи, на пример, зиме да плаќаат струја по 8.000 денари, а лете по 1.500 денари. Ако сакаат, да може да плаќаат еднакви износи во текот на 12 месеци. За ова ќе разговараме со енергетските компании“, изјави Бислимоски по средбата.

БЕГ од октомври нема да го топли Скопје, во РКЕ уште се крчка тарифникот за струјата

Кај Народниот правобранител стигнале многу поплаки за нередовно читање на струјомерите и за високи сметки што им биле испорачувани по читањето.

„Граѓаните се жалат на паушално фактурирани сметки за потрошена електрична енергија и неможноста истите да се плаќаат. Затоа покренавме иницијатива да ја видиме регулативата како тоа прашање е уредено и дали во таа насока може да се подобри состојбата за да може на граѓаните да им се олесни товарот кој им доаѓа како резултат на плаќање на сметките за потрошена струја,“ изјави Зимбери.

Кој троши помалку ќе плаќа поевтина струја

Како што појасни Бислимовски, пресметките кои се прават сега се според постоечката цена на струјата, која на сила ќе биде до крајот на овој месец. Од први јули ќе има нови цени на стујата. Дел од компаниите веќе побарале големи поскапувања, како ЕВН за која откри дека побарала за 80% поскапување во делот на дистрибуцијата.

Пред да биде утврдена новата цена на струјата, ќе треба да се донесе и новиот тарифник со 4 -предложени тарифи, па заедно да почнат да важат од почетокот на следниот месец.