Европската унија треба да купи 110 илјади дози вакцина против мајмунски сипаници, а договорот за купување треба да биде потпишан во вторник, информира еврокомесарката за здравство Стела Кирјакидес.
Првите дози треба да бидат достапни до крајот на месецов. Таа рече дека досега се регистрирани 900 случаи на мајмунски сипаници во ЕУ, а 1400 ширум светот.
Втор случај на мајмунски сипаници во Грција
Иако болеста циркулира низ Африка со години, ширењето во области каде што досега не се појавувала предизвика меѓународна загриженост.
Болеста се шири преку физички контакт, а здравствените власти велат дека се чини оти епидемијата засега е концентрирана меѓу мажи кои имале сексуални односи со повеќе други мажи, пренесува германската новинска агенција ДПА.
Германија, на пример, размислува за превентивна вакцинација за сите што се смета дека се изложени на висок ризик да дојдат во контакт со болеста, вклучително и техничари во специјализирани лаборатории.
СЗО – Потврдени 780 случаи на мајмунски сипаници во светот
Болеста може да биде смртоносна, но заболените обично преживуваат. Сепак, здравствените власти се обидуваат да го спречат нејзиното ширење.