Агенцијата на ЕУ за заштита на границите и крајбрежјето (Фронтекс) објави дека во периодот од јануари до мај оваа година на Западен Балкан, според прелиминарните податоци, биле забележани 40.675 илегални преминувања на границата на ЕУ, речиси три пати повеќе од истиот период лани. Оваа рута, која сочинува речиси половина од сите нелегални гранични премини на ЕУ најмногу ја поминале Сиријците и Авганистанците. Вкупно 86.000 илегални преминувања на границите во ЕУ се регистрирани во првите пет месеци од оваа година, или 82 насто повеќе во однос на истиот период во 2021 година, се наведува во извештајот на агенцијата.
Словенија ќе ја отстранува оградата од границата со Хрватска
Само во мај 23.500 луѓе илегално ја минале границата на ЕУ или 75 насто повеќе отколку истиот месец минатата година, покажуваат прелиминарните податоци на Фронтекс.
Украинските бегалци да ги напуштат бугарските хотели на Црното Море пред туристичката сезона
Фронтекс не ги вклучи луѓето кои бегаат од Украина и влегуваат во ЕУ преку граничните премини. Според последните податоци на Фронтекс, повеќе од 5,5 милиони украински граѓани дошле во ЕУ од Молдавија и Украина од почетокот на руската инвазија во февруари. Ним им е дозволен влез во ЕУ. Во првите пет месеци од годинава, најактивни рути на мигранти кон ЕУ биле Западен Балкан, преку кој се евидентирани речиси 41.000 илегални премини и рутите на централниот и источниот Медитеран.