Кина ја престигна Германија и стана најголемиот потрошувач на енергенси од Русија од почетокот на инвазијата врз Москва, соопшти денеска независната организација Центар за истражување на енергија и чист воздух.
Русија до почетокот на инвазијата врз Украина на 24 февруари, имала приход од 93 милијарди евра од продажба на нафта и природен гас. Околу 60 отсто од фосилните горива во вредност од 57 милијарди евра од Русија се извезени во ЕУ во првите сто дена од почетокот на воениот конфликт, се наведува во соопштението на организацијата со седиште во Хелсинки.
Извозот на руските фосилни горива во Германија изнесувал 12,1 милијарди евра, во Италија и Холандија по 7,8 милијарди евра додека во Полска вредноста на извозот изнесувал 4,4 милијарди евра, се наведува во соопштението.
Малку е веројатно дека западните санкции ќе го загрозат владеењето на Путин
Германија која во првите два месеци од војната била најголем увозник на руски фосилни горива, сега го зазеде второто место по Кина која од Москва купила енергенси во вредност од 12,6 милијарди евра.
Промената на врвот на листата го одразува значењето на Кина и другите неевропски економии за рускиот извоз на енергенси кој обезбедува 40 отсто од буџетските приливи на Русија.
Податоците на Центарот покажуваат дека Германија останува во голема мера зависна од руските енергенси, особено од природниот гас. Увозот во мај опадна за осум отсто во споредба со претходните два месеци што се поклопи со затоплувањето на времето.
ЕУ во мај го намали увозот на енергенси од Русија за повеќе од 1000 милиони евра дневно. Наголемо намалување на увозот на правила Полска, која претходно беше голем потрошувач на руски гас и нафта.