Бугарски медиуми - Седум пратеници ја напуштаат бугарската партија ИТН

Бугарскиот премиер Кирил Петков и лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов

Седум пратеници ќе ја напуштат пратеничката група на бугарската партија „Има таков народ“, објави „24 часа“. Тие ќе ја напуштат групата, иако сè уште немаат цврст договор со „Продолжуваме со промената“, а сè уште чекаат понуди за партнерство.

По излегувањето на „Има таков народ“ од владата, владејачката коалиција нема мнозинство во Парламентот. На владата на Кирил Петков ѝ е потребна поддршка од уште најмалку 12 пратеници.

Веќе оваа недела, новите независни пратеници можеби ќе треба да бидат вклучени во клучното гласање.

Седумтемина ги организира министерот за спорт во оставка на ИТН, Радостин Василев, кој се спротивстави на заминувањето на партијата од владата.

Вечерва треба да стане јасна конечната бројка на тие пратеници.
Лидерот на ИТН Слави Трифонов за вечерва ги повика пратениците на консултации, јавија бугарските медиуми.

Уште двајца министри во бугарската Влада денеска ќе поднесоа оставки.

Шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска и министерот за енергетика Александар Николов поднесоа барања за напуштање на кабинетот. Тоа е резултат на одлуката на бугарската партија „Има таков народ“ да стави крај на владејачката коалиција и да го напушти кабинетот.