Меѓународен институт – Државите го зголемуваат арсеналот на нуклеарно оружје

Илустрација: Тестирање на атомска бомба во Русија

Сите девет земји со нуклеарно наоружување го зголемуваат или унапредуваат својот нуклеарен арсенал, објави денеска Меѓународниот институт за мировни истражувања (СИРПИ).

„Постојат јасни индикации дека заврши времето на намалување на нуклеарниот арсенал што уследи по Студената војна“, соопшти Ханс М. Кристенсен, истражувач во програмата на СИРПИ за оружје за масовно уништување.

Според податоците на Меѓународниот институт, арсеналите на САД и на Русија, кои чинат 90 проценти од атомското оружје во светот во 2021 се намалени, оти од употреба се повлечени старите боеви глави.

Останатите нуклеарни сили – Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја развиваат или поставуваат нови системи или имаат намера тоа да го сторат.

Израел никогаш јавно не објави дека посетува нуклеарно оружје.

„Сите држави со нуклеарно оружје ги зголемуваат или унапредуваат арсеналите и најголем дел од нив ја заоструваат реториката и ја истакнуваат улогата на нуклеарната програма во нивната воена стратегија. Тоа е загрижувачки“, рече Вилфред Ван, директор на Програмата за оружје за масовно уништување на СИРПИ.